ДУИ и Лика преку медиумите влегоа во отворена војна

ДУИ и Лика преку медиумите влегоа во отворена војна

Распуштањето на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор предизвика медиумска војна помеѓу Лика и ДУИ. Преку реакција, вицепремиерот надлежен за спроведување на Охридскиот договор, Хазби Лика, тврди дека за оваа иницијатива на ДУИ, тој како носител на функција и како втор човек на владата, не бил воопшти запознаен. Лика преку неговата реакција бара политичките фигури да кажат каков е планот за судбината на Охридскиот договор. Дури според него, слично барање било упатено и до Али Ахмети, чија средба Лика ја нарекува задоцнета.

Впечатливо дека ДУИ и Лика преку медиумите влегоа во отворена војна, откако веќе подолг период неофицијално се зборуваше за внатрепартиски несогласувањ. Лика беше на тапет и од своите и од премиерот Зоран Заев дека не доаѓа на работа. Лика освен што ретко го гледале во Владата, извесен период го немало и на состаноците на партиските органи.

“Јас како претставник на ДУИ во владата на Република Северна Македонија на функцијата вицепремиер ангажиран за спроведување на Охридскиот договор и политички систем, не сум запознаен, ниту консултиран за иницијативата или составувањето на законот, алудирајќи на надлежностите кои ќе ги носи новата институција која се формира и поврзаноста која ќе ја има со Охридскиот мировен договор. На последната средба со лидерот на партијата, иако задоцнета, сепак побаравме да се отвори дебата и да се дискутира околу оваа иницијатива со сите партиски органи, но и со заинтересираните страни надвор од партијата, со цел зачувување и наследување на вистинските вредности кои произлегуваат од Охридскиот договор“, рече Хазби Лика, Вицепремиер.

За овие ставови на Лика реагираа од ДУИ. Меѓу другото оттаму наведуваат и дека самиот Лика на таа функција бил избран за да ја спроведе изборната програма, а не за да отсуствува од работа.

„ДУИ ја потсетува пошироката јавност во земјава дека иницијативата за унапредување и трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потекнува од квалитетната Анализа за Охридскиот договор од 2015 година, од изборната платформа на ДУИ ‘2020’, од Заедничката изјава на албанските политички партии. Пратениците, исто како и министрите кои се избрани во овој парламентарен и владин состав се избрани врз основа на ветената програма на изборите во 2016 година“, велат од ДУИ.

 

Треба да знаете
Последни објави