Тендерот за технолошко чистење на БТО-системот (транспортни ленти и механизација во рудникот) во РЕК „Битола“ е спроведен во редовна постапка за јавна набавка и преку електронско наддавање, а најниска цена на наддавањето понуди фирмата „СВ инвест“, соопшти компанијата ЕЛЕМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за нов договор меѓу „СВ инвест“ и РЕК „Битола“.
Оттаму велат дека биле распишани уште два тендера за технолошко чистење: во термоелектраната и за отпепелување, како и дека на тие тендери исто така учествувала и „СВ инвест“, но дека најниски цени таму понудиле други две фирми, кои на крајот ги добиле тендерите.