Легендарниот италијански чувар на мрежата, Џанлуиџи Буфон со емотивна порака на социјалните мрежи го поздрави пласманот на Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Буфон кој ја немаше таа среќа да игра во следната фаза од најелитното европско натпреварување откако беше шокантно елиминиран од Манчестер Јунајтед на својот Инстаграм профил објави фотографија со која им ја честита победата на своите поранешни соиграчи.
Како што најави во текот на летото кога се реши да го замени дресот на Јуве со оној на ПСЖ, Буфон во Париз дошол за да се обиде да ја освои Лигата на шампионите, но оваа година нема да има можност за тоа.
– Честитки до сите!!! Ова е неверојатно друштво кое продолжува да се движи. П.С Големиот господин Алегри !!!, -стоеше во пораката на Буфон испратена до фудбалерите на Јувентус.