Раководството на Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјаер одржале состанок минатиот месец, на кој се разговарало за околу летната селекција на тимот,објави Мирор.
Тоа веројатно значи дека шефовите ќе понудат постојан договор со норвешкиот стратег.
Солскјаер нагласил на состанокот дека сака да привлече играчи на следните позиции – десно крило, халф како и два одбранбени играчи.
Се очекува дека бордот ќе му даде на Солскјаер околу 200 милиони фунти за трансфери по крајот на оваа сезона.