Мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил

Мотоциклист бил тешко повреден во судир со автомобил, вчера во близина на Струмица.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 16.45 часот на крстосница од регионалниот пат село Куклиш-село Банско, кај селото Мокриево.

Автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(59) од Струмица се судрил со мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки што го управувал од К.Т.(30) од село Мокрино.

Од ударот К.Т. се здобил со тешеки повреди и кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави