Етаблираниот американски туристички магазин „Condé Nast Traveler“ ја прогласи Виена како најдобра дестинација во Европа, пред се поради културната понуда која австриската метропола им ја пружа на посетителите.
На светската листа на најпривлечни туристички дестинации, Виена е четврта, зад Токио, Кјото и Мелбурн.
Во гласањето учествувале речиси 430.000 читатели на магазинот, специјализиран за луксузни патувања како начин на живот, а Виена по вторпат е прогласена како најдобра градска дестинација.
Во претходните години, Лондон и Париз беа доминантни на листата, за годинава пред нив да се најде Виена, но и Салцбург, кој е на второто место, а следуваат Хамбург, Луцерн и Базел.