Постои интерес за воведување авионска линија Сараево – Скопје – Подгорица, рекол министерот за транспорт на Црна Гора, Осман Нурковиќ, на состанокот со македонскиот амбасадор Михајло Трпкоски.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, Трпкоски рекол дека Црна Гора и Северна Македонија се гоеграфски многу близу, но дека не постои авиолинија што ги поврзува двете држави.
Соговорниците, како што се наведува во соопштението на Министерството, размениле мислења за можноста за што подобро сообраќајно поврзување на двете држави.