Пеп: Јасна победа, задоволни сме што се квалификувавме за четвртфиналето
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше задоволен од големата победа над Шалке 04 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Неговиот тим категорично се квалификуваше за следната фаза откако победи со 7:0.
Сепак, тренерот имаше забелешки за перформансите на своите играчи на почетокот на натпреварот, за кој рече дека почнал да игра многу срамежливо.
– Беше јасна победа и задоволни сме што се квалификувавме за четвртфиналето. Во почетокот не почнавме добро, бевме малку исплашени. Откако поведовме со 1:0, се опуштивме и решивме да играме. Откако веќе го обезбедивме пласманот, стана доста тешко за ривалот, и продолживме да дејтвуваме на високо ниво. Имаме доста повредени играчи, па убаво е да ја продолжиме оваа победничка серија. Секој мора да се бори против секој за своето место на теренот. Секој сака да игра, но за целта мора да бидат храбри и да не се предаваат, рече Гвардиола.
Тој, исто така, го коментираше системот ВАР, кој интервенираше неколку пати во текот на натпреварот.
– Тие треба да дејствуваат побрзо во носењето одлуки. Во Германија и двата пенали против нас беа по ВАР, но на крајот сè беше фер, а тоа е целта. Се надевам дека следната сезона ќе биде во Премиер Лигата. Јас сум задоволен со ВАР, но се надевам дека ќе дејствуваат побрзо отколку денес. Сакам тимот, кој заслужува повеќе, да оди понатаму. Понекогаш се случува да бидете елиминирани поради погрешна одлука. Сега судиите можат полесно да ги носат правилните одлуки, додаде Шпанецот.