Кристијано Роналдо со хет-трик го предводеше Јувентус до чудесна победа над Атлетико Мадрид и пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Јувентус на првиот натпревар во Мадрид загуби со 2:0, а синоќа со победата од 3:0 пред своите навивачи заслужено се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа. Првиот натпревар во Мадрид го одбележа бурната прослава на Симеоне кој покажа кон меѓуножјето, а слична прослава вчера имаше и Роналдо кој се чини дека му возврати на Аргентинецот.
После натпреварот, Симеоне беше запрашан за коментар за прославата на Роналдо, а тренерот на Атлетико Мадрид изјави: „Сигурно го направи тоа што го направив јас на Ванда, размислувајќи за навивачите и покажувајќи го карактерот на еден голем клуб како Јувентус“.