Снежна бура зафати повеќе делови на САД, што доведе до откажување на авионски летови и затворање на патишта.
Повеќе од илјада летови се одложени во Денвер, а повеќе стотина километри патишта се блокирани.
Невремето ги погоди американските држави Колорадо, Вајоминг, Монтана, Небраска и Јужна Дакота. Се очекува невремето утре да стигне и до Северна Дакота и северозападниот дел на Минесота.
Многу училишта се затворени поради снежната покривка која достигна 30 сантиметри во Денвер, а ветровите се со брзина до 130 километри на час.