Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ соопшти дека ќе укине 7 000 работни места до 2023 година во рамки на планот за преминување на масовно производство на електрични автомобили.
Намалувањето на бројот на вработени ќе биде постигнато, во поголем дел, низ пензионирање.
Компанијата планира низ оваа програма да заштеди 5,9 милијарди евра годишно до 2023 година.
Компанијата ќе ги зголеми вложувањата во електрични автомобили од претходно планираните 11 милијарди евра на околу 19 милијарди евра.