Хајко Мас: Се поизвесен Брегзит без договор

Велика Британија се доближува до излез од Европската унија без договор, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, истакнувајќи дека двете страни сега треба да се фокусираат на дефинирање на идните односи по Брегзит.

– Се разбира дека надеваме оти во следните 17 денови се уште ќе бидеме во можност да избегнеме „неуреден” излез, рече Мас.

– Но сега мораме да почекаме и да видиме како ќе се развие политичката ситуација во Британија и не можеме да шпекулираме. Долниот дом на британскиот Парламент држи се во свои раце, рече шефот на германската дипломатија.

Треба да знаете
Последни објави