Земјата и економијата свртеа нова страница, се наоѓаме на историски крстопат, но пред нас имаме уште битки, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.
– Се наоѓаме на историски крстопат за иднината на земјата. Тешките години се зад нас, големиот чекор направен во 2015 година не беше нерешителен. Земјата веќе се наоѓа во постмеморандумската ера, порача Ципрас.
Тој додаде дека народот ќе одлучи по кој пат ќе оди земјата, дали ќе продолжи по патот што сигурно води кон економијата или по оној во спротивен правец.
Грчкиот премиер упати критики до Нова демокртија за позициите на опозициската партија за многу прашања, како и за тоа дека немаше осуда, особено од лидерот Кирјакос Мицотакис, за нападите на домовите на пратеници од СИРИЗА во Северна Грција поради Договорот од Преспа.
Ципрас уште еднаш повтори дека парламентарни избори ќе има на есен, откако ќе заврши уставно предвидениот мандат на сегашната Влада.
– Нека не очекуваат дека ќе им направиме услуга да ги забрзаме националните избори, истакна Ципрас и и порача на Нова демкратија дека ќе биде поразена и на претстојните евроизбори и на парламнтарните