Ќерката на еден од најпознатите светски боксери изврши самоубиство

Фрида Форман, поранешна професионална боксерка и ќерка на Џорџ Форман, еден од најдобрите светски боксери во тешка категорија, изврши самоубиство во семејната куќа.

 

Таа е пронајдена мртва во нејзината куќа во Хјустон. Фрида Форман стана професионална боксерка во 2000 година, а во кариерата оствари пет победи и еден пораз. Потоа му се посвети на семејството.

Џорџ Форман на Twitter се прости од саканата ќерка, која почина на 42 години. Тој беше првак во бокс во тешка категорија во 70-тите и 90-тите. Има 12 деца, 10 биолошки и 2 посвoени.

Треба да знаете
Последни објави