Кристијано Роналдо го победи Атлетико Мадрид со фантастична игра и со три гола го одведе Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Минатата ноќ беше посебна за сите навивачи, но и за Џорџина Родригез, која Роналдо ја трогна до солзи. Тој постигна по еден гол во секое полувреме, а потоа во последните минути од натпреварот постигна пенал.
Целиот стадион полуде од среќа, а особено беше возбудено семејството на Роналдо, неговиот најстар син Кристијано Јуниор и свршеницата Џорџина Родригез.
По решавачкиот гол во 86. минута од играта, Џорџина ја преплавија емоции и не можеше да ги запре солзите. По натпреварот таа на Инстаграм објави емотивна посвета за Роналдо.
„Овие 3-0 никој не ги украде. Го заслужи ова, не поради трите гола туку поради својата посветеност, поради сето она што го донесе во клубот во кој доаѓаш. Ги туркаш своите соиграчи, тренери и сите што ти се одушевуваат и те поддржуваат секој ден. Кармата постои. Бог знае, Бог ти го даде ова, бидејќи фудбалскиот свет е твој. Те сакаме. Кристијано, Матео, Ева, Алана, Џорџина – напиша убавата Шпанка со фотографија на Роналдо од раните фудбалски денови.