Арсовски: Нов договор помеѓу СВ Инвест и РЕК Битола во вредност од 800.000 евра

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска на прес-конференција зборуваше нов договор помеѓу СВ Инвест и РЕК Битола каде директор е Васко Ковачевски од редовите на СДСМ, склучен пред 2 недели односно заведен со архивски број од 28 февруари, во вредност од 49.560.000 денари.

Како што објави Арсовски, фирмата СВ Инвест пред две недели земала тендер за Услуга од технолошко чистење на БТО системите во РЕК Битола во вредност од над 800.000 евра односно 49.560.000 денари.

„Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги земала фирмата СВ Инвест која инаку беше поврзувана низ медиумите со картелот на власт и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата СВ Инвест без работници, без механизација, без искуство зема тендери во вредност од над 2.4 милиони евра и тоа дел од нив договорени во 4 очи“, рече Арсовски.

Додаде дека СДСМ работи на начин на кој се залага за личниот интерес, личниот профит и сомнителни тендери.

Арсовски посочи дека опозицијата ги охрабрува јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги.

„За сите овие работи еден ден ќе се одговара. Еден ден кога нема да биде заробено судството, кога Заев нема да ги има судството и обвинителството во свои раце, ќе се спроведат соодветни истраги и сите ќе одговараат за сомнителните зделки“, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави