Пратениците во британскиот парламент одбија излез на земјата од Европската Унија без договор. „За“ излез без договор гласале 308 пратеници, а против биле 312.
Ваквиот резултат беше очекуван, а воедно ова значи дека пратениците ќе гласаат за одложување на брегзитот кој треба да се случи на 29 март.
Гласањето за одложување на брегзитот ќе се одржи утре.