Многу луѓе, вклучувајќи и деца, се заробени под урнатините на зградата во која се наоѓало училиштето во нигерискиот град Лагос, објавија спасувачките служби.
Во тек е акција за извлекување луѓе опод урнатините. Според РТ и Би-би-си, досега биле извлечени тела на осум мртви деца. Според тврдења на очевидци, при колапсот на зградата во училиштето имало стотина деца.
Трикатницата во кое било сместено приватното училиште се срушила околу 10 часот по локално време.
„Веруваме дека под урнатините има многу луѓе вклучувајќи и деца“, изјавил Ибрахим Фаринлое.
Медиумите известуваат дека се стравува оти во оваа несреќа има многу загинати.
Несреќи од ваков тип се релативно чести во Нигерија поради лошите прописи и слабиот квалитет на градежните материјали, пренесуваат светските медиуми.