Во лавина на највисоката британска планина загинаа тројца планинари

Шкотската полиција објави дека во лавина на највисоката планина во Велика Британија, Бен Невис, загинале тројца планинари, државјани на Швајцарија.

Шкотската полиција наведува дека има и еден тешко повреден планинар, кој се наоѓа во болницата „Квин Елизабет“ во Глазгов.

Акцијата за спасување ја спроведувал хеликоптер на крајбрежната стража и триесетина волонтери специјализирани за спасување во планините.

Треба да знаете
Последни објави