Ердоган: Нетанјаху, ти си крадец и тиранин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху крадец и тиранин, одговарајќи на критиките што претходно на негова сметка ги упати Нетанјаху.

Како што објави агенцијата АП, несогласувањата меѓу двајцата лидери започнале кога портпаролот на Ердоган го обвини Нетанјаху дека е расист, по неговата изјава оти Израел е земја исклучиво на една еврејска нација.

Нетанјаху на тоа одговори дека Ердоган е диктатор.

Во своето обраќање за време на изборната кампања, Ердоган го нарече Нетанјаху крадец кој го предводи Израел.

„Ти си тиранин. Ти си тиранин кој коле седумгодишни палестински деца“, изјави Ердоган за Нетанјаху.

Агенцијата АП потсетува дека Израел и Турција некогаш беа блиски сојузници, но потоа Турција под раководство на Ердоган стана еден од најгласните критичари на израелската политика кон Палестинците.

Треба да знаете
Последни објави