Кокошки на училишна фарма во североисточна Франција се здружија и убија млада лисица, објави Би-би-си.Лисица сакала да се нагости со кокошки, но упаднала на фарма каде имало 3 илјади кокошки, кои ја исклукале до смрт. Се претпоставува дека лисицата е на возраст од пет до шест месеци.
Лисицата успеала да влезе во делот на фармата каде што имало три илјади кокошки, но автоматска врата се затворила по неа и таа останала заробена. Утрото ја пронашле мртва.
,,Инстинктот проработел кај кокошките, тие се здружиле и ја нападнале со клуновите. На вратот и пронајдовме траги од удари од клуновите”, вели Паскал Даниел, директор на Факултетот за земјоделство и земјоделство.
На училишната фарма има вкупно шест илјади кокошки на површина од пет хектари. Во текот на денот, кокошките слободн шетаат низ дворот, додека навечер се затворени.