ОЈО бара притвор за дилер на марихуна и хашиш

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно 48-годишен дилер на дрога, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот во својот дом неовластено држел заради продажба наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 293,71 грама, пет шприца со наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од 47,5 милилитри, семки од растението канабис со нето маса од 21,41 грама и 6 таблети со зелена боја и активна компонента 3,4 метилен-диоксиметамфеамин (MDMA). При претресот во домот била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од марихуана“, информираат од ОЈО.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.

Треба да знаете
Последни објави