Поранешниот шеф на предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт е осуден на дополнителни 43 месеци затвор по обвиненија кои произлегоа од истрагата на специјалниот советник Роберт Малер за улогата на Русија во американските претседателски избори во 2016. Манафорт е обвинет за заговор и спречување на правдата во врска со неговата лоби-работа за украински политичар.
Минатата недела. Манафорт (69) беше осуден за финансиски малверзации на 47 месеци затвор.
Последната пресуда доаѓа откако на минатогодишното судење манафорт се изјасни за виновен, поради што и се извини.
– Жалам за она што сум го направил и за сите активности што не доведоа тука денеска, потенцираше Манафорт.