Поради недостатокот од струја ширум Венецуела, од земјата се обидуваат да заминат и роднините на претседателот, Николас Мадуро, јавува „АП“.
Властите на соседната Колумбија соопштија дека роднината на Мадуро, Архмиро Мадуро заедно со сопругата, децата и роднините, пристигнал на еден од контролните пунктови на границата кон Колумбија.
Колумбиските официјални лица рекоа дека роднинините на Мадуро се пожалиле оти жештината е неподнослива поради недостатокот од струја и сакаат да поминат пет дена во северна Колумбија, каде пристапот до плажите и Карипското море е лесен.
Нивниот план, како што наведе „АП“ не успеал, бидејќи се наоѓаат на листата на 300 луѓе на кои им е забранет влез во Колумбија.
„Додека венецуелскиот народ умира по болницте поради недостатокот од струја, нема да дозволиме оние кои се блиски со Мадуро да доаѓаат на одмор во Колумбија и така да ја избегнуваат реалноста на луѓето и агонијата“, изјави колумбискиот директор за миграциија, Кристијан Кругер.