Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, денеска го посети пазарот во Општина Ѓорче Петров и оствари средби со граѓаните и таксистите.
„Имаме најобразовани таксисти во Европа, луѓе со кариери и образование кои маката ги натерала да го вадат лебот со оваа работа. Систем нема, владее „див запад“. Она што им го кажувам на сите, им го повторив и ним: без правична и социјална држава, никој не може да зборува за политички успеси и евроинтеграции“, појасни Силјановска Давкова.
Таа заклучи дека Европа започнува од дома, од и за вредни луѓе од земјата.
„Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот“, рече Силјановска.