Трамп: Не знам за вас ама јас не сакам Ајнштајн да биде мој пилот

Авионите станаа премногу сложени за летање, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп, по разговорот со главниот директор на авионската компанија „Боинг“, Денис Мајленбург.

Според Трамп потребни се секундарни одлуки, зошто, како што вели, сложеноста предизвикува опасност.

„Не знам за вас, но јас не сакам Алберт Ајнштајн да биде мој пилот. Сакам прекрасни летачки професионалци, на кои им е дозволено лесно и брзо да преземат контрла над авионот“ напиша Трамп.

Пред два дена се урна Боинг 737-8 Макс на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, што е втора трагедија на модел на авион на Боинг. Поради тоа, многу држави во светот ги забранија тој тип на авиони.

Треба да знаете
Последни објави