Вчера во 13:15 часот во Полициската станица Штип, С.И.(68) од Штип пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лицето дошло во неговата куќа и му понудило огревни дрва со документи, но кажал дека камионот му бил паркиран во насeлба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата. Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице му кажало на С.И. да почека и дека тој ќе дојде со камионот. Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало. Откако С.И. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.