Мериен Салзман, сениор потпретседател, Глобални комуникации во Филип Морис Интернационал е маркантна жена и личност, професионалец, борец на секое ниво и опишана со попрецизни квалификации позната е како главен говорник, трендспотер, автор, човек кој се избори со менингиом, двапати. Што повеќе да се каже за оваа жена, граѓанин на светот и вистинската персонификација на модерните, самоуверени жени кои ниту гледаат ниту признаваат граници. За 24 инфо таа ја раскажува својата приказна како е да си дел од една водечка светска компанија.
Веројатно за многу луѓе од индустријата со кои сте работеле со децении, беше изненадување што одлучивте да го напуштите Њујорк и позицијата на извршен директор на Havas PR (компанија која е дел од глобалната рекламна и комуникациска група Хавас, што работи во 75 земји и шест континенти) и се преселивте во Швајцарија и во контроверзната тутунска индустрија? Што беше клучно за донесување на таа одлука и за именување како постар заменик претседател на Глобал Комуникации во ФМИ?
-Да, тоа дека ќе се приклучам на ФМИ, беше изненадувачки за повеќето луѓе, посебно затоа што сум непушач, никогаш не сум била, а пред само 5 години татко ми почина од рак на белите дробови. Јас, исто така, веројатно сум типична њујорчанка, па од други места сум живеела само во Лондон и Амстердам. И на крај тоа беше чудна одлука затоа што моето семејство е на релација Тусон, Аризона, каде што мојот сопруг предава, и Њујорк каде што е мојата агенција. Значи географски тоа беше луда идеја, практично за некој како мене, да одам од трендовски глобална ПР компанија на нешто што е многу повеќе кафеаво. За тутунската индустрија секогаш сум размислувала како на кафена и многу машка индустрија, а јас пак доаѓав од многу женска индустрија. Како ме наговорија на сето тоа – кога агентот првпат ме повика му реков дека не сум заинтересирана. Мојот сопруг ме разубедуваше велејќи дека е соодветно на моите квалитети, дека е движење напред, дека е навистина тешко да се направи, а јас сакам навистина невозможни задачи. Мојот одговор на тоа беше: ти си борец за човекови права на што тој ми рече дека овој избор е дел од човечкото право, а јас никогаш не гледав така на тој начин. За мене тоа беше само тутунска индустрија, не толку позитивна, а јас сакам да бидам на доброто страната на нештата. Во текот на следните 6 месеци ги запознав момците од компанијата, и им реков дека не сум разговарала со ниедна жена, а лично го почитувам жените и го почитувам тоа што предизвикуваат промени. По оваа забелешка, дојде и главниот повик. Никогаш нема да го заборавам тој момент, седев во нашата дневна соба во Аризона, и ме повика агентот и рече: „Маријан ќе ви дадат понуда за работа“. После тоа мислев дека ова е најлудото нешто во целиот свет – јас непушач како портпарол на тутунска компанија во Европа? Сфатив дека се согласив да го сменам целиот мој живот и не знаев што правам, но чувствував како тоа да е вистинската работа. Во следните три месеци живеев живот обидувајќи се да сфатам како ќе го живеам следниот? И тоа е една од моите силни страни, способноста да живеам во паралелен универзум, па затоа живеев и работев во Хавас, но со мислите веќе бев и во Филип Морис. За да може да размислувам за плановите за 2018 година, за новата позиција, закажував телефонски разговори со мојот персонал во Филип Морис во 4 часот наутро по њујоршко време. Тоа беше навистина тешка одлука. Друга работа е тоа што јас сум прилично бестрашен човек, така што секогаш кога се соочувам со два избори сакам да го изберам оној каде што има повеќе ризик, повеќе награда. Како извршен директор на Хавас ПР ја вршев оваа работа 9 години и нема шанса да не успеам. Тоа не беше веројатно да се случи, затоа што го одбрав овој, бидејќи ја сакав возбудата и ризикот од неуспех.
Кога сте се сметале себеси за успешна? И кои се вашите навики за успех?
-Нема да верувате, но дури и сега не се сметам за успешна, јас сметам дека мојата работа се уште се развива со тек на време. Мојот сопруг кога одевме на капучино во 7 часот наутро ми рече: “Маријан, всушност мислам дека ти се допаѓа оваа работа“. Истото и јас го мислам сега, но има уште многу што да се направи”. Одржав ваков монолог за сите нешта што не ми одеа добро и ги научив. За мене никогаш ништо не е успех, затоа што секогаш има нешто што сакам да го направам подобро, или уште повеќе да се трудам. Не е важно, дури и ако држам диета, ако следам програма за вежбање, што и да правам, сакам да направам повеќе. Па претпоставувам дека тоа е прашање на навика. Мојата навика е ако стигнам до одредено достигнување, го подигнувам нивото и ќе се обидам да достигнам уште повеќе.
Вие се сметате за пионер во користењето на социјалните медиуми за истражување во маркетинг цели. Уште во 1992 година, основана е вашата компанија Cyber дијалог, која беше првата светска компанија за истражување на пазарот на интернет, што значи дека во време кога користењето на интернетот беше во раните фази. Ова, како и многу други ваши чекори, беше визионерски. Дали сметате дека идејата за иднина без чад е предизвик и визионерска?
-Кога почнав да работам онлајн, еден од седум луѓе во светот не беа присутни на интернет, еден од седум луѓе во светот пушеа цигари, па затоа сметав дека задачата да ги претвориш во непушачи или потрошувачи на несогорливи цигари е исклучително потешко, многу потешко отколку создавање мала компанија за истражување на пазарот на интернет. Бев толку млада тогаш и сосема поинаку го гледав светот. Немав претстава што е тоа неуспех. Јас мислев дека се тоа е само авантура. Изгледам како природно срамежлива личност, но неверојатно бучна, па можноста да поставувам „храбри“ прашања а притоа да не морам да се соочувам со личноста, ме направи решителна. И сега можам да поставам прашање на кого било и во кое било време, ако се онлајн. Со новата идеја и цел за иднина без чад, од работите што треба да направам сега е нашите 8.000 вработени низ светот да ги прашам кого сакаат да престане да пуши. Тоа е како математичка равенка, бидејќи 1 на 10 луѓе ќе дадат одговор, а одговорите од 8.000 што е 800 кои ќе ме водат каде да одам. Тоа е чекор по чекор. Дали е визионерски? Би рекла дека тоа не е моја визија, доаѓам во компанија со прекрасна визија за иднина без чад. Моја работа е да создадам комуникациски техники за да го направам тоа што повозможно. Но, тоа не е работа за едно лице, туку за голем тим и се надевам дека имам интелектуална моќ да им помагам на луѓето да го постигнат тоа.
Дали можете да откриете некои од вашите планови за иднината на ФМИ, на што работите во моментот и дали имате некаков проблем, пречка или предизвик со кој сте се соочиле или се соочувате откако сте почнале да работите во ФМИ?
-Да почнеме со најважното нешто што го гледаме. Број еден, изјавив дека 2019 година е година кога повторно влегуваме во граѓанското општество. Престанавме да се плашиме од нашето минато и го прифативме конструктивниот дијалог со луѓето кои се противат на нас. За мене тоа е најважното нешто што го имаме оваа година. По важност еднакво на Светскиот економски форум во Давос, како Генералното собрание на ОН, како што се состаноци и настани низ целиот свет, каде што членовите на цивилизираното општество се собираат и се обидуваат да ги решат проблемите. И секундарно, но подеднакво важно, е тоа што сакам да го промовирам концептот на непушачка планета и да ги натерам луѓето да се откажат од пушењето цигари и да се префрлат на побезбеден уред и производ. Ние се обидуваме да ги натераме индивидуите насекаде да престанат да пушат. И третиот дел од тоа е менување на нешто што е неправилно за нешто подобро за околината. Нашите производи се веќе достапни за луѓето, иако во вашата земја некои од производите не се целосно достапни, и сметам дека треба да работиме со регулаторите за да им покажеме на луѓето дека имаат подобар избор. Во врска со пречките и предизвиците, морам да кажам дека компанијата Филип Морис беше и е неверојатно добра кон мене, бидејќи најтешката работа за мене беше: 1 – приклучување во компанија каде што жените се малцинство, 2 – живеењето во град каде што сè се затвора до крајот на моето работно време и не сум во можност да одам на пазарување за дома, да одам на фризер, да одам на вежбање. Сите овие работи се чудни за мене. Пречките се многу структурни, јас не сум навикната да бидам единствената жена на состанокот со менаџери на повисоко ниво, а втората работа е тоа што не сум навикната на град каде што сè е затворено.
Имате импресивна кариера и сте добро познато име во ПР-секторот, со многу награди и признанија. Какви жртви требаше да направите, како жена, за да дојдете до местото каде што сте и дали од оваа точка мислите дека тие жртви се вредни?
-Не знам дали сум направила многу жртви, јас на некој начин сите овие години се движев со текот на нештата, па завршив таму каде што завршив. Јас не почнав со некој голем план, или со силна желба да бидам успешна. Па така, кога можностите се појавуваа пред мене, само велев „да“. Во текот на сите овие години имав многу работодавци, имам 38 различни работни места, но секогаш беше за три компании. Значи, не гледам на себеси како да сум направила многу жртви.
Дали има разлика ако сте маж или жена во бизнисот?
-Тука во Европа, да. Системот во САД е многу полесен за вработените жени. Прво таму постои 24/7 економија, што значи дека ако имате доволно енергија, можете се да направите. Честопати се случуваше да останам на работа до 8 или 9 навечер, и потоа имаше време да одам дома, да вечерам со семејството, или да одам на фризер, на маникир или едноставно да се видам со моите пријатели. Тоа беше многу повеќе од 24/7 животен стил, и два дена за време на викенд. Тука во Европа за да направам се што сакам ги имам само деновите од 8 до 5 навечер и сабота. И во овој бизнис нема женски систем за поддршка. Во мојот стар бизнис бев опкружена со жени кои беа на повисоки позиции, моите женски шефови што би рекле. Овие компании се повеќе машки и не ги чувствувам како семејство.
Во продолжение на претходното прашање, вчера прочитав дека PMI стана првата компанија која се сертифицира на глобално ниво за еднаква плата, што тоа кажува за политиката за родова еднаквост во PMI?
-Кажува дека навистина веруваме во вложување на парите каде што е нашата посветеност, иако тој чекор, поставување жени на високи позиции во и низ компанијата, ќе биде вистински маратон. Значи дека работиме многу добро во регрутирањето на жените на две нивоа, на ниско до средно ниво, но исто така вложуваме многу енергија за да ги доведеме жените до врвот. И, секако, знам дека за првпат во мојот живот, всушност, ја презедов одговорноста како жена, што е сосема поинакво отколку како директор. Како извршен директор, вие сте одговорни за профитот, за оперативноста, за законите, вие сте одговорни за обезбедување на луѓето, но никогаш немав одговорност кон мојот род, никогаш не помислував на тоа, никогаш не ми падна на памет. Но еве, ќе ви дадам еден пример, поканета сум на вечера од страна на моите машки колеги и чувствувам обврска да одам само за да докажам дека една жена може да биде дел од тимот. Никогаш немаше да постапам така во Њујорк, туку би рекла “не, господине, имам друг план” и наместо да присуствувам на бизнис вечера, ќе отидев да играм тенис. Ова е многу мал и безначаен пример, но има многу позначајни начини. Чувствувам дека во оваа работа ги претставувам сите жени и морам да бидам многу внимателна за тоа.
Освен еднаквите можности за мажите и жените во компанијата, зошто овој чекор беше неопходен?
-Бидејќи се докажува дека во бизнисот, парите се клучни. Ние мораме да сме сигурни во она што го кажуваме и правиме, и само на тој начин ќе ја постигнеме родовата еднаквост.
Во една прилика изјавивте дека во 2018 година сте одлучиле да ја промените Вашата професија по повод десетгодишнината од Вашата прва операција од тумор на мозокот. Како го надминавте овој тежок период?
-Кога имате тумор на мозок, а јас имав два, тој факт донекаде ве прави бестрашен и исто така го олеснува чувството дека други луѓе ве контролираат. Кога ќе влезам во авион, јас едноставно му верувам на пилотот, бидејќи тоа е неговата професија. Значи, ако му дозволите некому да ви ја отвори главата, да влезе под скалпот и да отстрани нешто од вашиот мозок, мора да имате голема доверба во другите луѓе. Ми се чинеше дека треба да докажам на сите други луѓе кои имале тумор на мозокот, дека можат да закрепнат. Има и една смешна приказна за мене и мојот доктор. По мојата прва операција, 7-8 месеци подоцна, отидов на контрола. Тогаш веќе изгледав сосема здраво, косата ми беше повторно совршена, а јас веројатно изгледав доста гламурозно. Во чекалната чекав три часа, бев излезена од канцеларија и бев многу лута мислејќи како докторот не сфаќа колку сум важна и дека треба да се вратам назад на работа… Кога конечно ме повика, веднаш му реков “како можеше да ми го направиш ова?” Тој рече: „Сакам луѓето да добијат надеж. Секоја минута додека ти чекаше пред мојата канцеларија им овозможи на другите луѓе да видат надеж.” Тоа беше многу важна лекција за мене. Морав да бидам одговорна за другите луѓе за и тие да ја стекнат и да ја видат надежта пред нив. Моја задача е да им кажам на младите жени и на сите заболени со рак на мозокот дека вреди и дека ќе бидат добро, да не се откажуваат. За мене, двете операции на мозокот главно беа навистина лоши моменти за мојата коса, ве бричат околу лузната, ги ставаат сите оние пирсови и спојници во вашата глава и вашата коса изгледа апсолутно ужасна. Луѓето се смееја дека бев загрижена за мојата коса, но верувам во сè друго освен во квалитетот на потстрижување на мојата коса. Значи, кога преживувате каков било вид на рак, ако живеете 5 години, тогаш ќе помислите „Добро, сега ќе живеам засекогаш”. Јас имав еден тумор во 2007 година, друг во 2013 година, и кога дојде 2018 година и немав никаков тумор, реков “ОК, сега имам план да го проживеам остатокот од мојот долг живот и продолжив понатаму”. Мислам дека пред тоа не бев толку отворена за промени.
Во 2019 година изјавивте дека оваа година ќе биде година на промени. Што би сакале да промените?
Би сакала да видам дека светот може да сфати дека компаниите можат да одат од лошо кон подобро. Не би рекла од лошо кон добро, но би сакала да видам дека го прифаќаат фактот дека луѓето се менуваат, компаниите се менуваат и мора да дојде момент кога рехабилитацијата ќе стане општествено прифатлива. Сега сфаќам дека компаниите понекогаш мислат за себе како „алкохоличари“, без да сфатат дека се трезни веќе 20 години, и активно вклучени во сите процеси и мислам дека треба да го промениме чувството кон вредноста за себе, треба да ги признаеме сите работи за кои што треба да се гордееме. Сè од еднаква плата до трошење 6 милијарди долари за да се направи побезбеден избор за луѓето. Дали се гордееме со тоа? За мене тоа е промена размислувањето и промена во нашата институционална гордост.
На кој начин мислите дека индустријата за односи со јавност ќе се развие во иднина и кои се главните пречки?
Мислам дека индустријата за односи со јавност ќе замени многу други бизниси, бидејќи тоа е комуникација во реално време и тоа е испраќање пораки во реално време. Станува збор за комуникација на луѓе на многу локално ниво, но исто така и на глобално ниво. Верувам дека на луѓето од оваа професија ќе почне да се гледа како на комуникатори на промени. Исто така, бидејќи денес секој станува креатор на вести, ПР-от ќе ги креира вестите и ќе видиме дека се повеќе и повеќе ПР менаџери стануваат креатори на содржини и на тој начин ќе можат автентично да ги пренесат саканите пораки. И на крај, постои проблем со бизнисот кој во голема мера е воден од жени. И мислам дека една од пречките со кои се соочува ПР е можеби потребата да стане повеќе профитабилен и почитуван. И мислам дека треба да се размислува за тоа како да биде родово избалансиран бизнис. Бизнис што е и за мажи и за жени.
Која е вашата омилена ТВ емисија?
Веројатно мојата омилена телевизиска серија е “Keeping up with the Kardashians”. Гледам навистина многу реални шоа, гледам серии како “Blind date”, или “House hunters”, но сепак омилени ми се Кардашијанс. Навистина сакам да ги гледам, сакам да видам што носат, сакам да знам за нивните лични и романтични проблеми. Имам голема листа на глупави реални ТВ емисии и тие што ги следам, но Кардашијанс ми се омилени.
Валентина Ангеловска