Автобусот на “Дурмо турс” немал исправни сопирачки, уапсени возачот и сопственикот

Автобусот на Дурмо турс немал исправни сопирачки и тахограф поради кој возилото покажувало помала брзина од реалната, што било причина за трагедијата  изјави основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев.

Според него, уапсени се шестмина , меѓу кои сопственикот на агенцијата и возачот.

Пред еден месец, поради се уште не јасни причини, автобус на компанијата „Дурмо турс“, кој патувал од Скопје кон Гостивар, излета од патот и падна во бездна кај селото Ласкарци, при што животот го загубија 15 луѓе, а десетици беа повредени. Во автобусот беа 51 патник, сите од Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави