Германските власти ја поздравија синоќешната одлука на британскиот Парламент за неприфаќање излез на Велика Британија од Европската унија без претходно постигнат договор за идните односи.
– Лондон покажа знаци на разум. Долниот дом испрати јасна порака дека во најмала рака не сака Брегзит без договор, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.
Мас на Твитер истакна дека Брегзит без договор не би му бил од корист никому.
– Сега британската страна треба да каже што сака за да го заклучиме тој договор. Времето поминува, порача Мас.