Драмски театар ќе гостува на фестивалот „Театар на крстопат” во Ниш. Фестивалот има за цел да ја обедини театарската уметност од Балканскиот полуостров на едно место, притоа презентирајќи ги сличностите и разликите на театарските дејци на овие простори и цели кон јакнење на меѓународната културна размена, промовирање на театарските творци, размена на театарски техники и идеи.
– ДТС е почестен со поканата да учествува во создавањето на интернационалниот театарски фестивал, за кој организаторите се надеваат дека ќе прерасне во водечки фестивал во регионот и ќе биде место каде се разменуваат современи театарски достигнувања и културни вредности, се вели во соопштението на ДТС.