Во периодот од 8 до 10 март се одржа 24- Европски васкуларен курс во Холандија, каде беа презентирани најновите достигнувања во кариохирургијата. На покана на претседателот на конгресот, професор доктор Мишел Јакобс, предавање одржа и доктор Петар Ристески за минимално инвазивен третман на опсежна аорта и на аортниот лак.
Во рамките на конгресот, др. Ристески изведе обука на кариохирурзи, учесници на конгресот, за оперативниот третман со оваа нова, иновативна и оперативна техника.
„Ваквите настани се одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу кардиоваскуларните хирурзи од различни страни на светот, како и можност за примена на нови технологии, методи и техники во решавање на најкомплексните проблеми од областа на кариоваскуларната хорургија“, рече доктор Ристески.
Ристески е македонски кардиоваскуларен хирург кој веќе 15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Од 2015 година, тој е шеф на оддел за аортна хирургија.