Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар може да се врати на теренот порано отколку што се очекуваше откако беа обелоденети резултати од здравствени проверки на Бразилецот.
Рехабилитацијата на напаѓачот е одлична и заздравувањето е забрзано.
Нејмар се лекува од здобиен удар во десната нога.
– Се очекува 27-годишниот фудбалер да се врати во игра за кратко време, нагласуваат од таборот на ПСЖ.
Засега, потребна е дозвола од лекарите во ПСЖ да може Бразилецот да почне со тренинзи со тимот.