Обединетите нации им препорачаа денеска на своите службеници да не патуваат со авионите на „боинг 737 макс 8“.
Одделението за безбедност и сигурност на ОН објави соопштение во кое истакнува дека во авионската несреќа во авиокомпанијата „Етопиан ерлајнс“ животот го загубија 21 службеник на ОН.
Во соопштението се потсетува дека тоа е втора авионска несреќа со исти тип на авион за помалку од 6 месеци.
„Додека не се утврдат причините за овие несреќи, службениците на ОН не би требало да патуваат со авионите од овој тип“, се порачува во соопштението.