ВМРО-ДПМНЕ: Митко Чавков беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка

Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политички прогон на неговите неистомисленици.

„Доказ за политичкиот прогон во Македонија е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27 април“, стои во партиското соопштение.

Како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот и симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија.

„Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценца на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија“, велат од партијата и додаваат дека правната држава ќе се врати во моментот кога Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена.

Треба да знаете
Последни објави