Жена и нејзиното куче загинале во Германија кога биле удрени од воз, додека таа се обидувала да го спаси својот миленик кој застранил на шините, објави полицијата денеска.
Педесет и тригодишната жена во средата навечер побрзала да го одвлече кучето од шините, додека кон нив во полн налет доаѓал воз во баварскиот град Гармиш-Партенкирхен.
Поради несреќата, сообраќајот бил во застој неколку часа.