Французинот после една година одлучи да се врати во Реал Мадрид, откако клубот практично потона по неговото заминување.
Зидан иако имаше бројни понуди од најголемите европски клубови, на крајот одлучи да се врати на клупата на „Кралевите“. За неговото враќање да стане реалност, претседателот на Реал, Флорентино Перез мораше добро да го плати.
Така, Французинот според новиот договор заработува по 12 милиони евра годишно, што е дури шест милиони евра повеќе од неговиот прв „мандат“ во Реал Мадрид.