Општина Бутел ќе биде домаќин и покровител на традиционалната Тортијада „Слатка мистерија 2020″, што ќе се одржи идната година во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.
Покровителството на оваа прекрасна манифестација Општина Бутел го презема од Општина Чаир која што беше домаќин на 13-та Тортијада што се одржа во ресторан „ФА-ФА”, на која учествуваа слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и граѓани во категоријата аматери.
Манифестацијата беше организирана во два дела, ревијален и официјален дел. Во официјалниот дел од манифестацијата беа претставени сите учесници, при што се лицитираше за тортите, а собраните средства од лицитацијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2023/02/Средба-НДИ1.jpeg)