Активистите на Атак ја намачкаа фасадата на седиштето на Баер-Монсанто во Ла Гарен-Коломб со лажен мед во знак на протест поради употреба на пестициди и одговорноста на компанијата за климатските промени.
Членовите на Атак извикуваа „Сакаме пчели, а не хемикалии” и носеа транспаренти на кои пишуваше „Баер Монсанто ја убива биолошка разновидност”.
Повеќе невладини организации денеска поднесоа тужби против француската држава за неактивност во областа на климатските промени.