Рудар загина од струен удар, вчера во Радовиш, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 14 часот кога А.Р.(59) од село Воиславци, вработен во рудник во Радовиш, изведувал работи на трафостаница. Во еден момент добил струен удар, по што починал.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.