Семејствата на загинатите патници револтирани го напуштија брифингот со „Етиопијан ерлајнс“

Околу 200 членови на семејства на патниците кои загинаа во авионската несреќа во Етиопија, денеска го напуштија брифингот со претставниците на компанијата „Етиопијан ерлајнс“, револтирани дека авиокомпанијата не обезбедила соодветни информации за нив.

Официјални лица на авиокомпанијата соопштија дека отвориле кол-центар кој работи 18 часа дневно за да одговори на прашањата кои ги имаат членовите на семејствата, објави агенцијата АП.

Меѓутоа, гневните членови на семејствата го напуштија состанокот во хотел во Адис Абеба, велејќи дека се фрустрирани поради недостатокот на одговори на нивните прашања.

Боингот 737 макс 8 на „Етиопијан ерлајнс“ се урна во неделата само шест минути по полетувањето, а во инцидентот загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Треба да знаете
Последни објави