Средба Катругалос – Чавушоглу во Брисел

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција, Јоргос Катругалос и Мевљут Чавушоглу се сретнаа на маргините на Конференцијата посветена на Сирија, што се одржува во Брисел.

Веднаш по средбата, двајцата министри, разговорите, позитивно ги коментираа преку нивните официјални Твитер профили, јави дописничката на МИА од Атина.

– Имавме суштински и искрен разговор на сите теми со министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу во Брисел, напиша Катругалос.

Додека Чавушоглу на Твитер напиша „Разменивме мислења со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, за унапредување на турско- грчките односи во сите области”.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека работната вечера поминала во многу добра клима, а фокусот бил ставен на градењето клима на доверба, но и на подготовките за следната билатерална средба на 21 март во Анталија

Треба да знаете
Последни објави