Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, е еден од четворицата вработени во Управата кои се осомничени за кражба на над 50 милиони денари од државниот буџет.
Според ОЈО, Јакимовски и останатите тројца вработени од 2007 до 2017 година во 172 наврати проневериле 50.670.000 денари од парите кои биле за посебни намени на УБК.
Тој е обвинет и за уништување на опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра, заедно со Горан Грујовски, кој беше началник на Петтата управа на МВР и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.