Тринаесетгодишно момче од Скопје вчера физички било нападнато од 14-годишник при што се здобил со убодна рана од остар предмет.
Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гоце Стојчевски” во Скопје, 14-годишник од Скопје физички нападнал 13-годишно момче, исто така, од Скопје, при што со остар предмет му нанел убодна рана.
Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, каде му била укажана лекарка помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.