Алтмаер: ЕУ да разговара за потенцијално одложување на Брегзит

Германскиот министер за економија Петер Алтмаер денеска изјави дека Европска унија треба „конструктивно” да разговара за потенцијално одложување на британското излегување од Унијата и наведе дека тој нема да поставува никакви „вештачки” ограничувања.

– Итно ни е потребна јасност, брзо ни треба јасност, но ние нема тоа да го правиме како што секогаш ги критикуваме нашите британски пријатели и партнери од високоморално гледиште, туку само ако дојдеме до разумно решение, рече Алтмаер, близок сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел.

Британскиот Парламент вчера отфрли излез од Европската унија без договор и денеска треба да гласа за одложување на рокот за излез на Британија од Унијата, првично планиран за 29 март.

Треба да знаете
Последни објави