Заев го прислушувале во УБК како „Зо За“

Во кривичниот суд беше изведен доказ, меморискиот уред на кој сведокот Звонко Костовски ги преснимил материјалите од УБК во случајот за масовното прислушување „Таргет Тврдина“. Во меморискиот уред каде што се содржеле информации за прислушувањето биле заведувана и локацијата и базните станици на прислушуваните.

На големи два екрани во судницата, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и останатите обвинети го следеа сведочењето на Костовски, кој објаснуваше што значат кратенките и логовите во системот. Заев, како што рече Костовски, бил следен под псевдоним „Зо За“. Костовски рече дека насоките со кои биле следени граѓаните биле заведувани со имиња, како на пример „табори“.

Меморискиот диск бил одземен од Костовски и бил доказ во предметот „Пуч“. По наредба на ексначалникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, биле извадени материјали од 5-6 цедеа.

Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски кажа дека овој доказ бил користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“.

Треба да знаете
Последни објави