Заев за Tоп Чанел: Албанија е нашиот најдобар пријател

Албанија за нас е најпријателска земја што ја имаме. Ова пријателство е 100-отсто пријателско, помагајќи си едни на други да се движиме напред кон нашата иднина, со крајна цел за нашите граѓани да живеат подобар живот. Преку ова пријателство подобривме многу работи, како „one stop shop”, како и делегирајќи доверба во нашите институции, изјави премерот Зоран Заев во интервју за тиранската телевизија Топ чанел.

Посочува дека трговската размена минатата година е зголемена за 11,5 отсто и оти заедно двете држави имаат големи капацитети за да се постигнат и други работи.

-Исто така, треба да ги охрабриме инвеститорите од нашите две земји за да имаат добивка. Од друга страна, ова значи повеќе работни места за нашите граѓани, поголем БДП, како и нов извоз на нашите компании, рече Заев.

На прашањето дали има конкретен план со албанската Влада за прошрување на економската соработка и слободно двжење на стока и луѓе во двете земји, Заев вели дека е потребно да се подобрат сите инфрастрктурни проекти кои ги поврзуваат двете земји.

-Изградивме проект од 450 милиони евра на „Kicitohrid” што не поврзува со Албанија. Наскоро ќе почнеме со изградба на железничка линија од 530 милиони евра што ќе го поврзува Драч со Скопје, што оди понатаму кон Црното Море, Бугарија, а потоа и во Истанбул. Тоа „one stop shop” што го изградивме и се надеваме да го отвориме во текот на летото, ќе го намали за 50 отсто времето поминато на граница на граѓаните, но и товарните возила. Работевме на тоа како соодветните земји делегираат компетенции една на друга. На пример, ако Агенцијата за храна на Албанија изјави дека храната што ќе влезе во Северна Македонија од Албанија е чиста и потврдена според стандардите, тоа е доволно за нас. Ние ќе го прифатиме овој сертификат, како што тоа ќе биде и од друга страна,нагласи премиерот Заев.

Тој најави дека се работи на отворање на друг граничен премин на автопатот „Руга е Арбрит” (Патот на Арбр) со што ќе се олесни преминувањето на двете страни.

Според него доколку се зголеми регионалната соработка меѓу земјите во регионот, тоа ќе биде „високо оценето од страна на ЕУ да работи подобро со нас, а тоа ќе има многу бенефиции за шесте балкански земји”.

Ова е прво интервју на премиерот Заев за албанска телевизија

Треба да знаете
Последни објави