Кога еднаш ќе се појави влага во домот, особено ако станува збор за влажно опкружување како бањата, многу е тешко да се искорени. А, тоа воопшто не е добро бидејќи може да предизвика здравствени проблеми.
Влагата е многу честа, но непријатна појава во домот. Иако постојат различни средства за средување на овој проблем, може да се обидете и со овој домашен рецепт ефикасен за нејзино искоренување.
Еве што е потребно:
– шолја дестилирана вода
– шолја вотка или ракија
– 10 капки етерично масло од чајно дрво
– 10 капки етерично масло од еукалиптус
– 10 капки етерично масло од лаванда
Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во шишенце со механизам за шприцање и добро напрскајте го местото зафатено со мувла.