Жителите на едно мало шпанско село добиваат коверти со пари во поштенските сандачиња или под вратите, а не знаат од кого се. Локалните весници веќе го нарекуваат „Робин Худ”.
Според градоначалникот на Виљарамиел, Нурија Симон минатата седмица, 15-тина лица од вкупно 800 жители на селото, добиле по сто евра во коверт.
– Не знам која е намерата и мотивот. Сите сме збунети и во очеквање да дознаеме кој е добродетелот. Вдовица, којашто живее со син ѝ, двојки со мали деца, повозрасни брачни двојки, двојки на средна возраст без деца… Нема некоја поврзаност меѓу избраните „добитници”, изјави градоначалникот.
Некои од нив отишле в полиција или в банка, за да проверат дали банкнотите се вистински. Вистински се.
Властите соопштија дека во овој случај, не е извршен никаков прекршок.