На Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, Судот вечерва му одреди 30-дневен притвор.
Притвор од 30 дена доби и Стево Маџовски, додека на Кристина Јосифовска и е определена мерка на претпазливост.
Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба од 2007 до 2017 година, како вработени во УБК.
-Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство заради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје
1 – Скопје, денеска беа спроведени три лица. По прозинесување на лицата во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на Т.Ј. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, на С.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и за К.Ј го прифати предлогот и определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патната исправа, Обврска за јавување во суд, Забрана за напуштање на живеалиштето и Забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје, соопшти вечерва скопскиот Кривичен суд.